ИРАНСКАТА ГАРДА ГАЃАШЕ ИНДИСКИ ТАНКЕР И КОНТЕЈНЕРСКИ БРОД Амбасадорот на Иран повикан на разговори во МНР на Индија

Извори од бродската индустрија објавија дека бродовите што се обидувале да поминат низ Ормускиот Теснец добиле радио порака од иранската морнарица дека не им е дозволено да поминат, а два брода пријавиле дека биле погодени од огнено оружје.

1,117

Два брода под индиско знаме се нападнати додека се обидувале да поминат низ Ормускиот Теснец, потврди индиското Министерство за надворешни работи.

Техеран денеска објави дека ја поништува својата одлука за повторно отворање на мореузот, поради континуираната блокада на иранските пристаништа од страна на САД.

Извори од бродската индустрија објавија дека бродовите што се обидувале да поминат низ Ормускиот Теснец добиле радио порака од иранската морнарица дека не им е дозволено да поминат, а два брода пријавиле дека биле погодени од огнено оружје.

– Инцидентите се случиле во водите меѓу островите Кешм и Ларк. Бродовите се вратија – велат изворите.

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (UKMTO) соопшти дека добила извештај за инцидент на 20 наутички милји североисточно од Оман.

Капетанот на индискиот танкер изјави дека два мали воени брода на Иранската револуционерна гарда му се приближиле и отвориле оган врз бродот. Танкерот и неговиот екипаж се безбедни.

– Контејнерски брод, исто така, беше погоден од огнено оружје – објави извор од поморската безбедност.

Некои бродови објавија дека иранската морнарица емитувала VHF порака во која се наведува дека Ормускиот Теснец е повторно затворен.

„Внимание сите бродови, со оглед на неуспехот на американската влада да ги исполни своите обврски во преговорите, Иран го прогласува Ормускиот Теснец повторно целосно затворен. На ниту еден брод од кој било тип или националност не му е дозволено да помине низ Ормускиот Теснец“, се вели во радио пораката.

Амбасадорот на Иран во Њу Делхи, Мохамад Фатали е повикан на разговори со индискиот министер за надворешни работи Викрам Мисри. Индија соопшти дека изразила „длабока загриженост“ во врска со нападот врз двата индиски брода.

Мисри побара од иранскиот амбасадор да го пренесе ставот на Индија до властите во Техеран и што е можно поскоро да дозволување на премин на бродовите што пловат кон Индија, се вели во соопштението на министерството.

ИРАНСКИ ВОЕНИ БРОДОВИ НАПАДНАА ТАНКЕР Пукано е и врз два товарни брода во Ормускиот Теснец

Поврзани содржини