ТОПЛО И СОНЧЕВО, СО СЕВЕРЕН ВЕТЕР Доаѓа заладување, со обилен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

128

Времето утре ќе биде сончево и релативно топло, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Се очекува мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до 2 степена. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Демир Капија со максимална дневна температура до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, со северен ветер. температурата ќе се движи од 7 степени наутро до 23 степени Целзиусови во текот на денот.

Од понеделник до среда ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни.

Во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе бидат во опаѓање.

Фото: УХМР
Поврзани содржини