ИРАНСКИ ВОЕНИ БРОДОВИ НАПАДНАА ТАНКЕР Пукано е и врз два товарни брода во Ормускиот Теснец
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека континуираната блокада на САД е кршење на договорот за прекин на огнот, поради што Иран повторно воведе ограничувања за пливење низ Ормутскиот Теснец.
Агенцијата за поморски и трговски операции на Обединетото Кралство (UCMTO) денеска објави дека воени бродови на Иранската револуционерна гарда пукале врз еден танкер на околу 35 километри североисточно од Оман.
Британските медиуми пренесувајќи, го соопштението на UCMTO наведуваат дека капетанот на танкерот изјавил дека два воени брода на Иранската ревоуционерна гарда отвориле оган без радио предупредување и дека екипажот и танкерот се безбедни.
Најмалку два други трговски брода денеска соопштија дека врз нив бил пукано додека се обидувале да поминат низ Ормускиот Теснец, претходно јавија британските медиуми, повикувајќи се на 3 неименувани извори запознаени со ситуацијата.
Според британската војска, нападнат е товарен брод, при што се оштетени контејнерите на бродот. Центарот за поморски трговски операции на Велика Британија соопшти дека неидентификуван проектил го погодил бродот на околу 25 наутички милји (46 километри) североисточно од Оман.
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека континуираната блокада на САД е кршење на договорот за прекин на огнот, поради што Иран повторно воведе ограничувања за пливење низ Ормутскиот Теснец.
Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека САД продолжуваат да ја спроведуваат декларираната „морска блокада на бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни области“.
Командата соопшти дека воениот брод USS Canberra патролира во Арапското Море како дел од блокадата, за време на која 23 бродови ги послушале наредбите на САД и се вратиле назад.
Littoral combat ship USS Canberra (LCS 30) patrols the Arabian Sea during the U.S. blockade. Since commencement of the blockade, 23 ships have complied with direction from U.S. forces to turn around. American forces are enforcing a maritime blockade against ships entering or… pic.twitter.com/PMIBOoeJXS
— U.S. Central Command (@CENTCOM) April 18, 2026
ИРАН ПОВТОРНО ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Претходно конвој танкери поминаа низ мореузот