НИКОЛОВСКИ ПОЛИТИЧКИ НЕ ПОСТОИ, А ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА Е БЕЗНАЧАЈНА КАКО ЗАПЛЕНАТА НА 30 КИЛОГРАМИ ПУТЕР Министерот Цветановски му одговори на СДСМ

Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно, порача министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, откако Љупчо Николовски соопшти дека СДСМ поднесе интерпелација за него во Собранието.

272

Љупчо Николовски се јави, навистина се јави, кој за што, Љупчо за менее, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на Фејсбук, откако Николовски соопшти дека СДСМ поднесе интерпелација за него во Собранието.

„Нејсе, да му одговорам. Политички не постоиш, а партијата во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно! Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДСМ“, порача министерот Трипуновски.

Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер, додаде Трипуновски.

„Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на дури 30 килограми путер“, објави Трипуновски.

Николовски денеска рече дека СДСМ поднесе интерпелација за министерот Цветан Трипуновски поради, како што наведе, корупција, скандали и штетни политики во земјоделието.

Поврзани содржини