АВТОБУС УДРИ ЖЕНА ВО МАЏАРИ Скопјанка со сериозни повреди итно пренесена на Клиника

78-годишна жена е тешко повредена во Маџари откако била удрена од автобус. Полицијата врши увид и ја истражува сообраќајната несреќа.

59

78-годишна жена од Скопје е тешко повредена откако била удрена од автобус во скопската населба Маџари.

Инцидентот се случил на улицата Маџари, кога автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 56-годишниот В.Р. од Скопје, ја удрил М.П. (78), исто така од Скопје.

Повредената жена со тешки телесни повреди била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што ѝ била укажана медицинска помош.

Од СВР Скопје информираат дека на местото на несреќата бил извршен увид за утврдување на причините и околностите под кои се случил настанот.

Истрагата за сообраќајната несреќа продолжува.

Поврзани содржини