СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ МИЦКОСКИ Опозицијата го обвинува премиерот за закани

109

СДСМ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите, соопшти денеска Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на партијата.

– Од позиција на премиер, Мицкоски јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија. Неговото „имам чувство“ го диктира стравот затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста. Но, ова е скандал од невидени размери и претставува целосно уривање на правниот и на уставниот поредок и за ова мора да понесе одговорност – рече Димитријевиќ.

Тој објасни дека СДСМ поднел Кривична пријава против Христијан Мицкоски за кривични дела: Злоупотреба на службената положба и овластување (Член 353, ст. 1 од КЗ), Повреда на рамноправноста на граѓаните (Член 137, ст. 1 и ст. 2 од КЗ) и за Загрозување на сигурноста (Член 143, ст. 1 од КЗ).

СДСМ бара Јавното обвинителство да го повика Мицкоски на распит.

 

Поврзани содржини