РУМЕН РАДЕВ НА ЧЕКОР ДО ПОБЕДА, ВО ЕУ ЗАГРИЖЕНОСТ „Дали ќе добиеме нов Орбан?“

Паралелите со Орбан се наметнуваат преку реториката на Радев – евроскептицизам, проруска ориентација и конфронтациски однос кон Брисел.

711

На неколку дена пред изборите во Бугарија анкетите покажуваат дека коалицијата „Прогресивна Бугарија“ на поранешниот претседател Румен Радев е пред голема победа. Анкетата на „Маркет линкс“ направена заедно со телевизијата бТВ од 7 до 14 април покажува дека „Прогресивна Бугарија“ е прва со 30,8 отсто. Втор е ГЕРБ со 18 проценти, по што следуваат коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) со 11,2, ДПС-Нов почеток – со 6,5 и Преродба со 4,2 отсто%. Ниедна од другите партии не е блиску до изборниот праг од 4 отсто.

„Очекуваме значително поголема излезност на гласачите. ‘Прогресивна Бугарија’ ги привлекува овие новодојденци во изборниот процес, бугарските граѓани“, коментираше социологот Добромир Живков од „Маркет линкс“ за бТВ.

Сè уште има 15 проценти од гласачите кои сè уште не одлучиле за кого ќе гласаат на 19 април, истакна тој. Околу 90 отсто од оние кои досега се двоумеле се упатуваат кон Прогресивна Бугарија, рече социологот. Според Живков, динамиката е главно е кај коалицијата на Радев.

Според оваа анкета, на Радев ќе му треба коалициски партнер да формира влада. Ако овие резултати се пренесат и на гласањето в недела „Прогресивна Бугарија“ би имал 109 мандати, ГЕРБ 57, ПП-ДБ 37, ДПС 21 и Преродба 16. За мнозинство се потребни 121 пратеници.

Бугарските избори и најавите за можна победа на Орбан се анализираат во странските медиуми при што чество се става акцента на аналовијата меѓу Радев и Орбан.

Влијателниот руски весник „Независимаја газета“ го опишува Румен Радев како „аналог“ на Виктор Орбан. Според изданието, Радев би можел да ја преземе улогата на Унгарија како главен застапник на руските интереси во рамките на Европската Унија.

Западните аналитичари веќе го нарекуваат Радев „бугарскиот Орбан“, сметајќи дека тој претставува слична закана за единството на ЕУ, како штотуку сменетиот унгарски премиер. Тие предвидуваат дека победата на партијата на Радев, ќе предизвика драстична промена на надворешната политика на Софија, правејќи ја Бугарија исто толку „неудобен“ партнер за Брисел колку што е моментално Будимпешта.

Со прашањето дали Румен Радев ќе стане „новиот Виктор Орбан“ се занимава и германскиот весник Франкфуртер рундшау.

Паралелите со Орбан се наметнуваат преку реториката на Радев – евроскептицизам, проруска ориентација и конфронтациски однос кон Брисел. Ова, според весникот, ја отвора загриженоста дека Бугарија би можела да стане „следниот проблематичен случај“ во ЕУ.

Според тинк-тенкот Osservatorio Balcani e Caucaso Transeuropa, Радев се залага за обновување на дијалогот со Русија и ставање на „економијата пред идеологијата“, особено во енергетиката. Тој ја исклучува соработка со проевропските сили и критикува дел од политиките на ЕУ, вклучително и Зелената агенда.

На домашен план, неговата реторика е конзервативна, со критики кон „либералната идеологија“ и позиции што таргетираат традиционалистички гласачи.

Сепак, експертите се поделени. Дел од нив нагласуваат дека ваквите ставови се пред сè изборна тактика, насочена кон традиционалистичкиот и проруско ориентиран електорат.

Слични дилеми отвора и австрискиот весник Стандард, кој прашува дали Бугарија е „следната Унгарија“. Таму се посочува и можно влијание на Москва врз кампањата, со необично брз раст на онлајн поддршката за Радев.

– Можеби не е толку радикален како Орбан, но дефинитивно е проруски ориентиран“ – вели

аналитичарот Александар Стојанов, додавајќи дека нема директни докази за вмешаност на Кремљ во кампањата во Бугарија, но дека „нешто невообичаено се случува на социјалните мрежи“.

Поврзани содржини