📽️ КОГА ИСУС ЛИЧНО ГО ПРАЌА ТРАМП ВО ПЕКОЛОТ Иран со видео се вмеша во кавгата меѓу Трамп и Папата
Иранската амбасада објави видео создадено со вештачка интелигенција како реакција на претходна објава на претседателот на САД. Клипот предизвика силни реакции и брзо се прошири онлајн.
Исус го праќа шефот на САД во пеколот во видео кое брзо доби десетици илјади реакции на социјалните мрежи. Вака иранската амбасада во Таџикистан одговори на претходна објава на шефот на САД, во која тој беше прикажан во улога на Исус.
— Iran Embassy in Tajikistan (@IRANinTJ) April 14, 2026
Со тоа Иран индиректно влезе во кавгата меѓу претседателот на САД и папата Лав XIV кој рече дека „Бог не благословува никаков конфликт“.
Освен што американскиот претседател Доналд Трамп одговори на критиките на папата јавно и со видеото, кое подоцна го избриша, американскиот претседател исто така ја укина помошта за Католичките добротворни организации во Мајами вредна 11 милиони долари, соработка која траеше со децении.