ПУТИН НЕ ПЛАНИРА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ТРАМП ВО КИНА Рускиот претседател се подготвува за средбата со Си Џинпинг

Во моментов нема планови за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп во Кина, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

143

Кремљ во моментов нема планови за одржување средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп во Кина, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

– Можам да ви кажам дека во моментов нема такви планови – им рече Песков на новинарите, одговарајќи на прашање дали средбата меѓу Путин и Трамп би можела да се одржи за време на посетата на рускиот лидер на Кина.

Посетата на рускиот претседател на Кина се подготвува, додаде Песков.

– Кина е наш привилегиран стратешки партнер. Посетата и контактите на високо ниво се во подготовка, а за датумите на тие контакти ќе ве информираме навремено – изјави Песков.

Претходно, кинескиот претседател Си Џинпинг го покани рускиот претседател Путин во официјална посета на Кина во 2026 година.

Во февруари, Песков најави дека Русија и Кина оваа година ќе продолжат со редовната размена на посети на високо ниво.

 

Поврзани содржини