ПОРТУГАЛИЈА Е ПРОТИВ СОЗДАВАЊЕ ПОСЕБНА ЕВРОПСКА АРМИЈА Лисабон сака да ја зајакне својата војска во НАТО, на чело со САД

Португалскиот министер за одбрана Нуно Мело вели дека САД се фундаментален трансатлантски партнер.

115

Португалија е против создавање посебна европска армија. Наместо тоа, земјата поддржува зајакнување и модернизација на своите вооружени сили во рамките на НАТО, предводен од САД, изјави португалскиот министер за одбрана Нуно Мело.

Според него САД се фундаментален трансатлантски партнер.

Мело истакна дека Португалија минатата година ги зголемила расходите за одбрана согласно критериумите на НАТО, до 6,12 милијарди евра или 2,1 проценти од бруто домашниот производ.

 

Поврзани содржини