📽️ ИЗРАЕЛСКИ АГЕНТИ ВО ШОК ОТКАКО ОТВОРИЛЕ КАМИОН ЗА ЃУБРЕ Спречен илегален влез на 68 Палестинци

Безбедносните сили откриле 68 лица скриени во камион за ѓубре на премин кон централен Израел.

259

Израелските безбедносни сили спречија обид за нелегален влез во Израел откако открија 68 Палестинци во камион за ѓубре на преминот Шомрон.

Камионот доаѓал од Палестинска самоуправа и се движел кон централен Израел. Инспекторите се посомневале и ја повикале војската за помош. При пребарувањето на камионот биле пронајдени десетици луѓе кои се криеле внатре. Сите биле уапсени и однесени на испрашување.

Возачот на камионот, 30-годишен маж од Кафр Касим, исто така бил уапсен. Утврдено е дека немал возачка дозвола за тој тип возило.

Израелските безбедносни сили нагласуваат дека ваквите случаи стануваат сè почести и дека претставуваат „терористички ризик“.

 

Поврзани содржини