НА ШТО СЕ РАДУВА СДСМ? Победничката Тиса во Унгарија е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ
За да биде апсурдот уште поголем, сестринската партија на СДСМ и член на Партијата на Европски Социјалисти освои само 1,18% од гласовите, што е нешто слично со рејтингот кој СДМ го има во Македонија и е многу близок до рејтингот на Венко Филипче, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Венко Филипче, наместо да го анализираат сопствениот дебакл од околу 130.000 гласови, ликуваат и се радуваат на изборни резултати во други држави, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ под водство на Филипче, кој му ја чува фотелјата на Зоран Заев, се однесува како да е партија во некоја друга држава, а не во Македонија. СДСМ и Филипче критикуваат влади и високи државни претставници на други држави, како да се дел од политичкиот живот на тие држави. Филипче и СДСМ отидоа до таму, повеќе да ги следат, анализираат и да ликуваат на избори и изборни резултати во туѓи држави, отколку во сопствената. Изборите во Македонија за СДСМ и Венко Филипче како да не постоеле и како на нив да не доживеале историски дебакл“, се вел во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да се занимаваат со внатрепартиска анализа како партијата ја доведоа до околу 130.000 гласови, Филипче и ова раководство се радуваат на победата на партијата Тиса во Унгарија, која е член на Европската народна партија, односно ЕПП каде што е членува и ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението.
„За да биде апсурдот уште поголем, сестринската партија на СДСМ и член на Партијата на Европски Социјалисти освои само 1,18% од гласовите, што е нешто слично со рејтингот кој партијата го има во Македонија и е многу близок до рејтингот на Филипче. Некогаш релевантна и кредибилна партија СДСМ, Филипче заедно со неговиот ментор Заев ја доведоа во ситуација со секој изминат ден сè повеќе да тоне во жива кал од која не знаат како да се извлечат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Па така, изгубени во просторот, се додава, без никаква воздржаност, СДСМ и Филипче го слават историскиот пораз на нивната сестринска партија.
„Ова е уште една потврда дека СДСМ и Филипче прават сè, само не си го гледаат сопствениот двор. Наместо да се дистанцираат од аболираниот криминалец Зоран Заев, кој ги доведе до ова ниво, тие, не само што го величаат, туку продолжуваат по неговите стапки. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на билатералната соработка со пријателска Унгарија и очекува таа соработка на државно ниво да продолжи да се развива и продлабочува, и воедно ја честита изборната победа на партијата Тиса и господинот Петер Маѓар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.