🎥 ИЗРАЕЛ И ЛИБАН ПРЕГОВАРААТ ВО ВАШИНГТОН Хезболах не ги признава преговорите
Меѓу Израел и Либан нема сериозни несогласувања. Проблемот е Хезболах - изјави шефот на израелскта дипломатија.
Стејт департментот соопшти дека во Вашингтон денеска почнаа преговори помеѓу Израел и Либан. На состанокот присуствуваат амбасадорите на Израел и на Либан во САД, Јехиел Лајтер и Нада Хамадех Моавад и американскиот државен секретар Марко Рубио.
Првпат по повеќе децении претставници на Либан и на Израел, кои немаат дипломатски односи, имаат директни разговори.
Претходно, членот на политичкиот совет на Хезболах, Вафик Сафа изјави дека милитантната група нема да почитува никаков договор што би произлегол од преговорите помеѓу Либан и Израел под покровителство на САД.
Според него, Хезболах „воопшто не е заинтересирана за исходот од преговорите помеѓу Либан и израелскиот непријател“ и дека „она што е договорено нема да ги обврзе“.
Сафа потенцира дека нападите на Хезболах биле превентивни бидејќи раководството на групата верувало дека „Израел се подготвува за нов конфликт со Либан“ со цел уништување на проиранската група.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, во пресрет преговорите во Вашингтон, на прес конференција во Ерусалим изјави дека „Израел има за цел да постигне мир и нормализација во односите со Либан“.
– Меѓу Израел и Либан нема сериозни несогласувања. Проблемот е Хезболах – изјави Саар.
Според него, групата „Хезболах“ го нападнала Израел „спротивно на волјата на либанската влада“, што претставува проблем и за суверенитетот на Либан и за безбедноста на Израел.
Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили соопштија дека десет нивни војници се ранети во судири со „Хезболах“ во градот Бинт Џбеил, на околу пет километри од границата со Израел. Тројца од ранетите се во тешка состојба, додека останатите имаат лесни и средно тешки повреди.
Војната на Израел со Хезболах трае од почетокот на март, кога милитантната група лансира ракети врз Израел, како поддршка на Иран. Во војната загинаа речиси 2.100 луѓе, меѓу кои повеќе од 500 жени, деца и медицински персонал.
🚨 JUST IN: The greatest Sec. of State Marco Rubio just WALKED OUT and made history, holding the first direct Israel-Lebanon peace talks in DECADES
Marco is making history, brokering the meeting directly in Washington DC 🔥
WE LOVE MARCO! 🇺🇸 pic.twitter.com/AD7M5yHhAY
— Eric Daugherty (@EricLDaugh) April 14, 2026