ПИШИ БРИШИ Викторија Бекам објави фотографија во костим за капење и без ниту една тетоважа
Откако ги избриша сите тетоважи, Викторија Бекам објави фотографија на која таа е во костим за капење, а до неа е и Дејвид - без маица. Таа откри дека оваа сончева слика е од Мајами
51-годишната модна дизајнерка Викторија Бекам, објави на својот Инстаграм стори провокативна фотографија со својот сопруг, поранешниот фудбалер Дејвид (50).
На фотографијата – селфи направено преку прозорецот, Викторија привлече внимание во елегантен црн костим за капење додека позира покрај Дејвид кој е без маица.
Во описот на објавата, таа напиша: „Среќна недела. Бакнежи од Мајами“.
Објавата доаѓа откако нивниот син Круз потврди дека Викторија повеќе нема тетоважи, пренесува „Дејли мејл“.
Поранешната Спајс Грлс, која стана модна дизајнерка, претходно имаше шест тетоважи по телото, вклучувајќи и хебрејска поема на грбот.
За време на Q&A сесија на Инстаграм, нејзиниот син Круз одговорил на прашање дали мајка му има тетоважи: „Не, веќе не.“
Меѓу другите тетоважи на Викторија, биле и иницијалите на Дејвид и датуми важни за нивниот брак на зглобот. Меѓу нив биле и зборовите „Заедно, засекогаш, вечно“, како и датумот на обновување на брачните завети.
На долниот дел од грбот имала пет ѕвезди што ги симболизирале неа, Дејвид и нивните три сина, а не е познато дали подоцна додала уште една за ќерката Харпер.
За отстранувањето на тетоважите Викторија зборувала уште во 2022 година, објаснувајќи дека со текот на времето престанале да ѝ се допаѓаат и дека сакала поедноставен изглед.
Ласерското отстранување на тетоважи користи зраци од обоена светлина за да го разгради мастилото на ситни фрагменти, кои потоа можат да се апсорбираат во крвотокот и да се излачуваат преку црниот дроб и дигестивниот систем. Приватните клиники наплаќаат околу 150 фунти по сесија за мала тетоважа и до 800 фунти за поголема.
Обично се потребни осум до 10 сесии за големи тетоважи.
Постапката може да предизвика привремена непријатност, создавање меури и црвенило, а тетоважата речиси никогаш не исчезнува целосно. Бројките покажуваат дека речиси една петтина од Британците имаат барем една тетоважа.
Иако Викторија ги отстранила своите тетоважи, нејзиниот сопруг сè уште се гордее со десетици по целото тело, а нејзините синови сега исто така носат многу тетоважи.