БРИТНИ СПИРС ЌЕ ОДИ НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА Беше уапсена дека вози под дејство на опијати

44

Пејачката Бритни Спирс ќе оди на рехабилитација откако беше уапсена дека вози под дејство на опијати.

Вчера, 44-годишната пејачка донела сопствена одлука да оди на лекување.






Спирс беше уапсена на 4 март во Калифорнија под сомнение за возење под дејство на опијати и беше ослободена следниот ден. Потоа нејзиниот претставник рече дека станува збор за „целосно непростлив“ инцидент и најави дека пејачката ќе ги преземе потребните чекори и ќе се придржува до законот. Според американските медиуми, таа треба да се појави на суд на 4 мај.

По апсењето, нејзиниот претставник рече дека се надева дека Бритни ќе ја добие потребната помош и поддршка. Тој исто така нагласи дека нејзиното семејство ќе направи сè за да обезбеди нејзина стабилност и успешно закрепнување.

Според People, Спирс и нејзините блиски одлучиле дека одењето на третман е најдобриот чекор за нејзината благосостојба во моментов. Извор близок до пејачката рече дека се чувствувала засрамено и емотивно по апсењето и сакала да направи промена.

 

Поврзани содржини