ЕКС-ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ПОБАРА И СТАНА АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИН Синот на Адамс веќе живеел во Албанија

Ерик Адамс доби почесно државјанство на Албанија по сопствено барање. Одлуката се поврзува со неговите долгорочни врски со албанската заедница. И неговиот син извесен период живеел во Албанија.

311

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, доби почесно државјанство на Албанија по сопствено барање, потврдено со декрет на претседателот Бајрам Бегај. Американските медиуми ја пренесоа веста што претходно се појави во албанските медиуми.

Одлуката, според неговиот тим, ја одразува долгогодишната поврзаност со албанско-американската заедница.






– Одлуката на Република Албанија да му додели државјанство на Ерик Адамс го одразува тој траен однос и меѓусебно почитување – изјави портпаролот Тод Шапиро.

Тој додаде дека признанието дополнително ја зајакнува врската меѓу Њујорк и Албанија.

Врски со Албанија

Адамс подолго време негува односи со балканската земја. Неговиот син извесен период живеел таму. Тој се натпреварувал до албанската верзија на музичкото шоу „Идол“. И самиот Адамс отпатувал во Албанија во октомври. Посетата била дел од неговите меѓународни активности во последните месеци од мандатот.

Тој тогаш изјавил дека сака да гради пријателства и да ги зајакне врските.

Планови за живот по политиката

Адамс и претходно зборувал за живот надвор од САД по завршување на кариерата.

– Кога ќе се пензионирам од владата, ќе живеам во Баку – изјави Адамс.

Подоцна спомнал и можност да се пресели на Голанската Висорамнина, територија меѓу денешен Израел и Сирија.

Контроверзии и патувања

Неговите чести патувања биле предмет на критики за време на мандатот. Беше покрената постапка за наводни бенефиции од странски државјани.

Адамс ги негираше обвинувањата. Случајот подоцна беше отфрлен.

По напуштањето на функцијата, бил забележан во Дубаи и во Демократска Република Конго. Неговите активности и понатаму предизвикуваат интерес.

Поврзани содржини