НАД 27.000 ЛИЦА СЕ ОДБИЕНИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ ПРЕКУ НОВИОТ СИСТЕМ ЕЕС Регистрирањето на еден патник трае во просек 70 секунди, тврди Европската комисија

Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста, соопшти денеска Европската комисија.

310

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија (ЕЕС) лани во октомври на над 27.000 лица им бил одбиен влез, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

„Од почетокот на примената на ЕЕС регистрирани се над 52 милиони влегувања и излегувања. Комисијата го поздравува денешното целосно воведување на овој нов систем за влез во ЕУ и излез од блокот“, се наведува во соопштението.






Благодарение на новата автоматизирана контрола, регистрирањето на еден патник трае во просек 70 секунди, што значително ја забрзува процедурата, се наведува во соопштението.

Системот, се додава, ги заменува рачните печати и овозможува евиденција на личните и биометриските податоци, со цел полесно следење на пречекорувањата на престојот. Новите правила се однесуваат на државјани на трети земји кои не се членки на ЕУ или на Шенген-зоната (Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а се применуваат за краткорочен престој до 90 дена.

Иако на почетокот на годината секторот за воздушен транспорт изрази незадоволство поради одложувањата, ЕК денеска потврди дека системот е успешно имплементиран на сите гранични премини на надворешните граници на ЕУ.

Поврзани содржини