АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД Жичницата ќе работи редовно освен во понеделник
По повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од 10.04.2026 год. (петок) до 13.04.2026 год. (понеделник), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Во сабота (11.04.2026) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време: билетарите кои работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација кои работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот.
Во петок (10.04.2026) и во недела (12.04.2026) дежурна ќе биде билетарницата и центарот за персонализација во Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот.
Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација.
Жичницата од петок (10.04.2026) до недела (12.04.2026) ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник (13.04.2026), вообичаено како и секој понеделник нема да работи.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.