ПРИМИРЈЕТО ВО ЗАЛИВОТ „ОТВОРИ АПЕТИТ“ ЗА МИР ВО УКРАИНА Киев и Москва со помирливи тонови

Русија се надева дека САД ќе имаат време и простор да ги продолжат трилатералните мировни преговори за Украина – изјави портпаролот на руската влада Песков.

255

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го поздрави прекинот на огнот помеѓу САД и Иран, истакнувајќи оти Киев е подготвен да „одговори со иста мера“ ако Москва ги прекине нападите.

– Украина отсекогаш повикувала на прекин на огнот во војната што Русија ја води тука во Европа против нашата земја и нашиот народ, а ние поддржуваме прекин на огнот на Блискиот Исток и Персискиот Залив, што го отвора патот за дипломатски напори. За сите е очигледно дека прекинот на огнот може да создаде соодветни услови за договори – објави Зеленски на Икс.






Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков наведе дека Русија се надева дека САД ќе имаат време и простор да ги продолжат трилатералните мировни преговори за Украина.

– Ја поздравуваме одлуката да не се оди по патот на вооружена ескалација… Се надеваме дека во блиска иднина (САД) ќе имаат повеќе време и повеќе можност за состанок во трилатерален формат – посочи Песков алудирајќи на разговорите помеѓу Русија, Украина и САД.

Русија претходно соопшти дека мировните преговори за Украина се на пауза поради војната на Блискиот Исток.

Поврзани содржини