ИЗВАДИЛ ПИШТОЛ И НОЖ, ПА ДОБИЛ ЌОТЕК Привeден 16-годишник од Куманово

По расправија на спортско игралиште во Куманово, 23-годишник бил повреден, а малолетник е приведен.

241

Шеснаесетгодишник е приведен по инцидент на спортско игралиште во Куманово, откако бил пријавен напад врз 23-годишен сограѓанин.

Според информациите од СВР Куманово, малолетникот бил лишен од слобода утрово околу 7:40 часот. Инцидентот се случил претходната вечер околу 22 часот на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово.






Како што е пријавено, малолетникот се сретнал со М.Ѓ. (23) за да расчистат претходно недоразбирање, а на местото имало и други лица. Во еден момент, 23-годишникот извадил пиштол и нож, по што бил физички нападнат од малолетникот.

Повредениот бил пренесен во болницата во Куманово, каде му била укажана медицинска помош.

По целосно расчистување и документирање на случајот, најавено е поднесување соодветна пријава.

Поврзани содржини