ВНИМАВАЈТЕ СО ЛЕКОВИТЕ ЗА СЛАБЕЕЊЕ! Драматична исповед на човек кој користел Оземпик
Стручњаците предупредуваат: Лековите не се чудо, а ризиците можат да бидат сериозни. Во прилог на ова говори и вознемирувачки случај од САД. Имено, 63-годишниот Тод Енгел, поранешен возач на камион, останал трајно слеп по користењето на Оземпик.
Ново истражување носи дополнителни предупредувања за лицата кои користат лекови за слабеење како Оземпик. Во студијата учествувале 193 возрасни лица на возраст од 18 до 65 години, кои во текот на една година користеле Оземпик и слични терапии – со и без редовна физичка активност поврзана со процесот на слабеење.
Најдобри резултати постигнале оние кои ја комбинирале терапијата со редовно вежбање. Учесниците кои биле физички активни имале значително подобри резултати од оние кои не вежбале. Програмата вклучувала два групни тренинга неделно (30 минути велосипед и 15 минути кружен тренинг), како и уште два самостојни тренинга (трчање, велосипед или кружни тренинзи).
Оние кои користеле лекови без физичка активност имале значително послаби резултати, што дополнително ја нагласува важноста на здравиот начин на живот.
Во меѓувреме, се појави вознемирувачки случај од САД: 63-годишниот Тод Енгел, поранешен возач на камион, останал трајно слеп по користење на Оземпик. Кај него се развила ретка состојба позната како неартеритична антериорна исхемиска оптичка невропатија – оштетување на очниот нерв предизвикано од нарушен проток на крв, кое ги зафатило двете очи. Лекот го користел од 2023 година поради дијабетес тип 2. За неколку месеци го изгубил видот на десното око, а до октомври 2024 година и другото око било неповратно оштетено.