КАЗНЕТИ 27 ВОЗАЧИ НА МОТОРИ Петмина привдени во акција на полицијата, меѓу нив и малолетник

Контролите биле насочени кон возачи на мотоцикли и мопеди, а најмногу казни се изречени за возење без заштитен шлем.

132

Пет лица, меѓу кои и малолетник, се приведени во засилена сообраќајна контрола што ја спроведе полицијата на повеќе локации, при што биле изречени и 27 казни.

Акцијата ја реализирала Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија преку мобилната единица за безбедност на сообраќајот, а контролите биле насочени кон возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Тие се спроведувале на подрачјата на Куманово, Илинден, Бутел и Кисела Вода.






При контролата, тројца возачи биле санкционирани затоа што управувале мотоцикл без соодветна категорија во возачката дозвола, а дури 14 биле казнети бидејќи возеле без заштитен шлем. Дополнително, петмина добиле казни за други прекршоци.

Полицијата привела пет лица, од кои едно е малолетно, поради безобѕирно управување со моторно возило, односно возење без стекнато право за управување.

Од МВР најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Поврзани содржини