СОРАБОТКА НА ХЕЈЛИ И ЏАСТИН БИБЕР ВО СВЕТОТ НА УБАВИНАТА Производи за нега на кожата инспирирани од фестивалот Коачела

Воочи Коачела фестивалот, Хејли и Џастин Бибер ја претставуваат својата прва лимитирана колекција Роуд и Биберс која содржи три нови производи дизајнирани во соработка со Џастин Бибер.

42

Кога Хејли Бибер и Џастин Бибер ќе ги здружат силите, јасно е дека нè очекува нешто што ќе доминира и на бјути сцената и во поп културата.

Токму тоа се случува со новата лимитирана колекција Роуд и Биберс, која е најавена воочи неговиот настап на Коачела, еден од највлијателните музички фестивали во светот.

Оваа колаборација не е само уште еден проект на славни личности, туку внимателно темпиран момент што ги спојува негата на кожа и фестивалската естетика, и веќе ветува дека ќе ја обележи бјути сцената оваа пролет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)

Нов производ на Роуд со потписот на Џастин

Главна ѕвезда на колекцијата е Спотвер – хидрогел фластери за мозолчиња кои се истовремено функционални и естетски привлечни. Дизајнирани во соработка со Џастин, доаѓаат во пет разиграни форми како цвет, печурка или меурче, што ги претвора во неочекуван моден детал. Освен што изгледаат како аксесоар за Коачела, нивната формула има и сериозен ефект за нега на кожата.

Направени од хидроколоиди, апсорбираат вишок себум, ја штитат кожата и визуелно ги намалуваат неправилностите. Отпорни се на вода и пот, па без проблем остануваат на место во текот на целиот ден или ноќ, што ги прави идеални и за секојдневниот живот, но и за фестивалските денови. Станува збор за ограничено издание кое ќе се продава во текот на оваа пролет и лето, но веќе се зборува дека во нешто поинаква варијанта би можеле да станат дел од постојаната понуда на Роуд во иднина.

View this post on Instagram

 

A post shared by rhode skin (@rhode)

Покрај новиот производ, колекцијата носи и лимитирани верзии на веќе култните формули на Роуд. Пептајд Ај Преп фластери за пределот околу очите сега доаѓаат во варијанта Банана Пил, а исто како оригиналната верзија – хидрираат, осветлуваат и ја намалуваат подуеноста. Тука е и најпознатиот производ на брендот – Пептајд Лип Тритмент, кој сега доаѓа со мирис на карамелизирана банана.

Совршен тајминг за соработка

Производите од оваа лимитирана колекција ќе бидат достапни за купување од 13 април – помеѓу двата викенда на Коачела, каде што Џастин ќе настапува на главната сцена, најпрво на 11 април, а потоа и на 18 април. Токму оваа комбинација од ограничена достапност, вирални производи и силен културен момент речиси гарантира дека ќе се распродадат во рекордно време.

Поврзани содржини