🎥 ФОНТАНАТА ЛОТОСОВ ЦВЕТ ВО ПОЛН СЈАЈ Обновена, уредена, осветлена

Нека „Лотосов цвет“ повторно биде место за средби, за насмевки, за уживање и за нови спомени“ – напиша градоначалникот Ѓорѓиевски.

738

По години запуштеност и заборав, фонтаната „Лотосов цвет“ на влезот во Градскиот парк во Скоопје, сега е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување, соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во објава на својот профил на Фејсбук.

„Некогаш најфотографираното катче во срцето на Скопје, создадено во 70-тите години од минатиот век, овој препознатлив симбол на чистота и убавина, ,,Лотосов цвет”, денес повторно блеска.






Ова е враќање на едно чувство, на едно место што обединува генерации, каде се раѓале првите љубови и каде секој чекор носи своја приказна и секој агол чува дел од нечија младост.

Нека „Лотосов цвет“ повторно биде место за средби, за насмевки, за уживање и за нови спомени“ – напиша градоначалникот.

 

Поврзани содржини