📽️ ИРАН ОБЈАВИ ВИДЕО СО ЛИКОТ НА ТРАМП ДОДЕКА ИСТЕКУВА УЛТИМАТУМОТ „Копиле во Белата куќа е…“

Иранската Револуционерна гарда објави провокативно видео со ракета и порака кон Белата куќа. Во меѓувреме истекува рокот што Трамп го постави, со закани за напади врз инфраструктурата.

1,623

Иранската Револуционерна гарда објави контроверзно видео со лансирање ракета, придружено со навредлива порака кон Белата куќа, во момент кога истекува ултиматумот што Доналд Трамп му го постави на Техеран.

Тензиите дополнително растат, додека рокот за договор или отворање на Ормускиот Теснец влегува во финална фаза.






„Да се биде копиле во Белата куќа не е навреда, тоа е квалификациски стандард“, стои во пораката објавена со видеото на Иранската Револуционерна гарда.

Во видеото се прикажува лансирање ракета, без дополнителни објаснувања.


Трамп повторно го продолжи рокот за Иран, но предупреди дека овојпат е конечен.

– Тие нема да имаат мостови. Нема да имаат електрани. Нема да имаат ништо – изјави тој.

Тој додаде дека рокот истекува вечерва во 20 часот по источно време.

Во последните недели, пристапот на Трамп се движи меѓу остри закани и пораки за напредок во разговорите. Во неколку наврати, роковите беа поместувани.

Истовремено, беа најавувани и можни напади врз енергетската инфраструктура на Иран.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека напади врз цивилна инфраструктура се забранети со меѓународното право.

Трамп одговори дека „воопшто не е загрижен“ за таквите оценки.

Во меѓувреме, иранските претставници велат дека не ѝ веруваат на американската администрација.

– Ќе се согласиме на крај на војната само со гаранции дека нема повторно да бидеме нападнати – изјави дипломатски претставник.

Поврзани содржини