310 УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ ДОСЕГА ЗАГИНАЛЕ ВО БОМБАРДИРАЊЕТО НА ИРАН Повеќе од 750 училишта се погодени

Дополнително, повеќе од 210 ученици и наставници се повредени, а околу 900 образовни и административни објекти, вклучувајќи кампови и спортски објекти, се оштетени или целосно разрушени во израелско-американските воздушни напади врз Иран.

92

Иранскиот министер за образование Алиреза Каземи синоќа соопшти дека во војната што се води против Иран досега загинале 310 ученици и наставници, додека повеќе од 750 училишта се оштетени. Дополнително, повеќе од 210 ученици и наставници се повредени во нападите.

Каземи наведе дека цели на нападите на американо-израелската коалиција што започнаа на 28 февруари биле нуклеарни постројки, училишта, болници, како и високопоставени верски и воени претставници.






„Околу 900 образовни и административни објекти, вклучувајќи кампови и спортски објекти, се оштетени или целосно разрушени“, рече Каземи, додавајќи дека најголеми штети врз образовната инфраструктура претрпеле провинциите Хормозган, Маркази, Техеран и Источен Азербејџан.

Иранското Министерство за надворешни работи веќе воспоставило комуникација со меѓународни организации, вклучувајќи УНЕСКО и УНИЦЕФ, со цел правно да бидат заштитени иранските ученици.

Каземи истакна дека непријателите на Иран намерно целеле цивилна инфраструктура и енергетски постројки, што довело до смрт на стотици цивили, вклучувајќи околу 170 деца од основното училиште во Минабу што беше ракетирано во текот на првиот ден од воените операции против Иран.

Поврзани содржини