ДАЛИ НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД ЌЕ БИДЕ ЖЕНА? Теориите се шират, а сега во центарот на вниманието се најде и име на актерка
Дали навистина ќе имаме ваков Џејмс Бонд за првпат?
Шпекулациите за наследникот на легендарниот агент 007 не стивнуваат, а во последните месеци тргнаа во неочекуван правец. Иако долго време се шпекулираше за тоа кој актер би можел да ја преземе улогата по заминувањето на Даниел Крег, сега и еден навидум необичен кандидат се најде во центарот на вниманието.
Имено, режисерот Пол Фејг јавно истакна дека Сидни Свини би можела да биде идеалниот избор за новиот Џејмс Бонд. Тој ја опиша актерката, позната по улогата во серијата „Еуфорија“, како исклучително професионална, интелигентна и проницлива личност, додавајќи дека таа совршено би се вклопила во улогата на врвен шпион, пишува The Sun.
Потсетете се дека Крег се збогува со франшизата во 2021 година со филмот „Нема време за умирање“, по што потрагата по ново лице на агентот 007 стана една од главните теми во филмската индустрија. Иако името на Сидни Свини првично не се разгледуваше сериозно, нејзината отвореност кон проектот дополнително ги поттикна дискусиите. Актерката призна дека е долгогодишен обожавател на франшизата и нагласи дека би била повеќе заинтересирана да го отелотвори самиот Бонд отколку класичната „Бонд девојка“.
Во меѓувреме, листата на потенцијални кандидати е сè уште долга. Реге-Жан Пејџ, кој доби глобална популарност во серијата Бриџертон, често се споменува меѓу фаворитите, иако самиот призна дека интензитетот на медиумските шпекулации околу улогата му изгледа малку необичен. Покрај него, во игра се и бројни други познати имиња, како што се Џејкоб Елорди, Арон Тејлор-Џонсон, Идрис Елба, Тео Џејмс, Џонатан Бејли, Џејмс Нортон, Џек Лоуден и Хенри Кавил.
Проектот за новиот филм за Џејмс Бонд е сè уште во рана фаза, но се знае дека ќе го режира Денис Виленев, авторот на признати наслови како „Дина“. Покрај тоа, Стивен Најт, креаторот на серијата „Peaky Blinders“, ќе го потпише сценариото, што дополнително ги зголемува очекувањата.
Интересно е и тоа што франшизата помина низ значајни промени откако контролата на продукцијата помина под капата на Amazon MGM Studios, што отвора простор за свеж пристап и можни неочекувани одлуки – вклучително и изборот на главниот лик.
И додека фановите ширум светот со нетрпение очекуваат официјална потврда, едно е сигурно: трката да стане следниот Џејмс Бонд никогаш не била понеизвесна – или повозбудлива.