ПРИВЕДЕНИ 12 ВОЗАЧИ ЗА БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Седуммина возеле без возачка дозвола
Полицијата во изминатото деноноќие приведе 12 возачи за безобѕирно возење, од кои седуммина биле зад волан без возачка дозвола.
Полицијата во изминатото деноноќие приведе 12 возачи низ државата поради безобѕирно управување со возило. Дел од нив биле фатени без возачка дозвола, други возеле пребрзо, а имало и случаи на управување под дејство на алкохол.
Од приведените, седуммина управувале возило без положен возачки испит. Двајца од нив биле запрени во Скопје, а по еден во Кичево, Росоман, на ГП Табановце, во Чашка и Ранковце. Возачот во Ранковце, освен што немал дозвола, возел и со брзина поголема од дозволената.
Поради пребрзо возење биле санкционирани и возачи во тетовско, кумановско и во Свети Николе. Во скопско, полицијата запрела возач кој управувал возило со истечена сообраќајна дозвола, додека во Прилеп бил откриен возач кој возел под дејство на алкохол.
По целосното расчистување на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Од полицијата апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, да не возат без дозвола, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол.