ВИСОКА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД МУЦУНСКИ ВО ВАШИНГТОН Втора сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД

Ние ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон - вели шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

80

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски престојува во работна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави, каде што ја предводи високата владина делегација на втората сесија од стратешкиот дијалог меѓу двете земји, која ќе се одржи утре.

– Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со САД, со фокус на клучни области од заемен интерес, вклучително одбраната и безбедноста, сајбер-безбедноста и технолошката соработка, економијата, трговијата и енергетиката, како и заедничката борба против транснационалните закани и зајакнувањето на граничната безбедност, стои во соопштението на МНРиНТ.






Оттаму наведуваат дека со одржувањето на втората сесија од Стратешкиот дијалог се потврдува континуитетот на сојузништвото меѓу двете земји и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот и пошироко.

Во емисија „Еуро Фокус“ на Телма телевизија Муцунски претходно истакна дека ние ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон. Тој изрази очекување дека Стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.

Поврзани содржини