БИТНО Е ДА ИМАМЕ ДОБАР ИЗБОРЕН ЗАКОНИК, НЕ Е БИТНО ДАЛИ ЌЕ БИДЕ НОВ ИЛИ ИЗМЕНЕТ Работната група интензивно работи на решението

Битно е да имаме добар Изборен законик, кредибилен, со фер правила на игра, каде што сите би се чувствувале еднакви пред законот, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот редовен брифинг.

46

Не е битно дали ќе биде нов Изборен законик или изменет, туку е битно да имаме добар Изборен законик, рече претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот редовен брифинг за случвањата во законодавниот дом.

– Работната група за Изборниот законик в среда ќе има нов состанок. Работат интензивно. Се надеваме дека ќе дојдат до решение. Мое мислење е дека треба да имаме добар Изборен законик. Не е битно дали е нов или изменет. Не е битно како ќе дојдеме до тоа. Битно е да имаме добар, кредибилен, со фер правила на игра, каде што сите би се чувствувале еднакви пред законот – рече Гаши.






Гаши информира дека денеска или утре ќе биде објавен огласот за избор на член на Судскиот совет, кој претходно беше поништен.

Соопшти и дека е воспоставена нова практика пратениците да се вклучат директно на Собранискиот канал пред почнувањето на пратеничките прашања.

– Ги информирав сите пратенички групи да бидат во тек, да соработуваат со Собранискиот канал. Мислам дека ова е во интерес на граѓаните, да бидеме достапни и да го развиеме и Собранискиот канал во делот на гледаноста на Собранието – рече тој.

На новата собраниска седница закажана за 8 април на дневен ред ќе биде поставување пратенички прашања од опозициските пратеници.

Поради велигденските празници, како што информира Гаши, на координацијата со координаторите на пратеничките групи разговарале в среда да бидат свикани седниците на комисиите, а в четврток да не работат пратениците.

Поврзани содржини