РАСТ ОД 2,5% НА ИЗВОЗОТ ВО ПРВИТЕ ДВА МЕСЕЦА ОД ГОДИНАВА Речиси 60% од извозот оди во ЕУ

Во периодот јануари – февруари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49,9 % во вкупниот обем на размената.

42

Пораст на извозот и увозот во периодот јануари – февруари 2026 година во споредба со периодот јануари – февруари 2025 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 77, 58 милијарди денари и бележи пораст од 2,56 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 115 милијарди денари, што е за 2,61% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.






Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и електричната енергија.

Во периодот јануари – февруари 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49,9 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 57,8 % во вкупната размена.

Извоз јануари – февруари 2026 година во однос на јануари – февруари 2025 година во долари и евра:

1, 26 милијарди евра и е зголемен за 2,4%

1,48 милијарди САД долари што е зголемување за 16,1%

Увоз јануари – февруари 2026 година во однос на јануари – февруари 2025 година

1, 87 милијарди евра со раст од 2,4%

2,21 милијарди САД долари и раст од 16,2%

Поврзани содржини