„ГЛАДИЈАТОРОТ“ НЕ МОЖЕ ДА ПРЕЖАЛИ ШТО ИТАЛИЈА НЕ ОДИ НА СВЕТСКО За Расел Кроу тоа е „темна зора“

Австралискиот актер постојано зборува за својата љубов кон градот Рим, а особено кон фудбалскиот клуб Лацио. Тој тоа го нарече „љубов на прв поглед“.

335

Легендарниот холивудски актер Расел Кроу го коментираше поразот на Италија од Босна и Херцеговина на својот профил на мрежата X и се прашуваше како можело да се случи тоа.

– Темна зора за Италија. Денот откако не успеаја да се квалификуваат. Повторно. Како е ова можно со толку многу талент? Жал ми е за нацијата“, напиша актерот на X.






Австралискиот актер постојано зборува за својата љубов кон градот Рим, а особено кон фудбалскиот клуб Лацио. Тој тоа го нарече „љубов на прв поглед“.

Ова е трет пат по ред италијанската фудбалска репрезентација да остане без место на Светското првенство во фудбал.

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ја победи Италија во финалето на плејофот по изведување на пенали. Во регуларните 90 минути од натпреварот, резултатот беше 1:1, а головите ги постигнаа Моиз Кин за Италија и Харис Табаковиќ за Босна и Херцеговина. Овој резултат остана во продолжението, односно во дополнителните 30 минути од натпреварот.

По продолженијата, започна изведувањето на пенали, во кое селекцијата на Босна и Херцеговина беше поуспешна со резултат од 4:1, а решавачкиот гол го постигна Есмир Бајрактаревиќ.

 

Поврзани содржини