„АЅУРИТЕ“ ТРЕТПАТ БЕЗ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО Боли, вели Буфон за поразот од Босна и Херцеговина

Италија третпат по ред не успеа да се пласира на Светското првенство откако загуби на пенали од Босна и Херцеговина. Буфон предупреди дека тимот се соочува со сериозна криза и, како што вели, губење на реалноста.

156

„Азурите“ третпат по ред ќе го пропуштат најголемиот фудбалски турнир во светот. Италија не успеа да се пласира на Светското првенство откако беше елиминирана од Босна и Херцеговина по пенали во плејофот.

Италија беше голем фаворит, но не успеа да го потврди тоа на теренот. Натпреварот заврши 1:1, а во пенал-серијата Босна и Херцеговина славеше со 4:1.






Шефот на делегацијата на Италијанска фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, призна дека ситуацијата е сериозна.

– Ова е деликатен момент. Ни треба време да ја процениме ситуацијата. Сезоната завршува во јуни, па затоа е исправно да останеме дотогаш – изјави Буфон.

Тој додаде:

– Ако гледате подобрувања во играта, тогаш сум среќен. Но, најважната цел беше пласман на Светското првенство.

Буфон отворено зборуваше за тежината на неуспехот.

– Неуспехот за Светското првенство е навистина болен. Сега ризикуваме да ја изгубиме реалноста на размислувањето – рече тој.

Тој најави дека сегашниот состав ќе остане до јуни, по што ќе следи анализа и одлуки за иднината.

Последниот настап на Италија на Светско првенство беше во 2014 година. Оттогаш, „аѕурите“ не успеваат да се вратат на светската сцена.

Третото последователно пропуштање на Мундијалот отвора сериозни прашања за системот, селекцијата и иднината на италијанскиот фудбал.

Поврзани содржини