СЕ РЕКОНСТРУИРА САНИТАРНИОТ ЈАЗОЛ НА ОУ „КОЛЕ КАНИНСКИ“ ВО БИТОЛА Инвестицијата изнесува повеќе од 120.000 евра

Се работи за вкупно 51 тоалет, а инвестиција изнесува 7.489.991 денар, средства обезбедени од буџетот на Општина Битола.

178

По неколку децении општина Битола го реконструира санитарниот јазол во ОУ „Коле Канински“ со што ќе се  овозможи задоволување на современите стандарди за хигиена и на учениците и на вработените, а исто така ќе се изгради посебен тоалет за лица со инвалидитет.

Се работи за вкупно 51 тоалет, а инвестиција изнесува 7.489.991 денар (121.590 евра), средства обезбедени од буџетот на Општина Битола.






Предвидена е реконструкција во двата блока, во подрум, на приземје и на кат. Проектот исто така предвидува и реновирање на тоалетите за вработените, а ќе се изврши целосна промена на водоводната и одводната мрежа.

Според планот, во подрумските дел во првиот блок предвидени се машки и женски тоалет, едниот со по 3, другиот со 5 кабини и дополнителна адаптација на засебен тоалет за лица со инвалидитет, а во вториот блок ќе има машки и женски тоалет со по 3 кабини.

На приземје во едниот блок со по 5 кабини машки и женски, а во другиот блок со по 3 кабини исто така машки и женски тоалет.

На кат во првиот блок по 5 кабини машки и женски, а во другиот блок со по 3 кабини машки и женски дел.

Денеска училиштето го посети градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој се запозна со проектот.

Поврзани содржини