ПОДДРШКАТА ЗА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ОСТАНУВА СТАБИЛНА Според ВМРО-ДПМНЕ најголемата кампања против СДСМ доаѓа одвнатре
СДСМ е против СДСМ, а тоа што измислуваат дека некој води црна кампања против нив е доказ дека се во паника. Не постои кампања што може да уништи кредибилна партија - се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Колку и СДСМ и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да се претстават како жртва, толку стратегијата им станува попровидна. Можат да бидат иронични за анкетите, но не можат да ја сменат реалноста па затоа повторно глумат жртва, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пи-ар пораки на Башановиќ не можат да го сокријат фактот дека Филипче се наоѓа далеку од врвот на довербата кај граѓаните, ниту дека СДСМ е под 5% доверба.
Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и за претседателот Мицкоски останува стабилна, и тоа не е поради кампањи туку поради перцепцијата кај граѓаните дека Владата работи и има резултати.
Граѓаните можат да направат разлика. СДСМ има само фасада позади која стојат истите структури, истите луѓе и истите лоши пракси и не можат да ја избришат колективната меморија за периодите на економска нестабилност, двоцифрена инфлација и одлуките кои директно ги засегнаа националните интереси.
Особено кога станува збор за Филипче, чиј профил останува обременет со скандали кои не може да се покријат со ниту еден пи-ар. Кризата во која се наоѓаат не е резултат на никакви напади, како што стои во нивните соопштенија, туку на одамна изгубениот кредибилитет на Филипче и на членови од највисокото раководство. Тоа што се сведени на неколку проценти доверба е поради длабоко разочарување кај граѓаните.
СДСМ е против СДСМ, а тоа што измислуваат дека некој води црна кампања против нив е доказ дека се во паника. Не постои кампања што може да уништи кредибилна партија“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.