80-ГОДИШЕН ГРК ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВОТО ВО ВИНИЦА Убиениот бил најден во близина на градските гробишта

Против Г.П.(80) од Грција ќе биде поднесена кривична пријава по чл.123 од Кривичниот законик, а против останатите инволвирани лица во настанот до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

1,687

Расчистено е вчерашното убиство во Виница за кое се сомничи 80-годишен грчки државјанин против кого полицијата ќе поднесе кривична пријава.

Како што соопшти полицијата, на 28.03.2026 во 16:11 часот во ОВР Виница, од Итната медицинска помош е пријавено дека во близина на градските гробишта во Виница, бил пронајден починат Д.А.(56) од селото Липец, Виничко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.






Во врска со настанот, полициски службеници ги лишија од слобода И.Л.(24), Г.П.(80), С.Р.(55) сите од Република Грција и С.З.(57) од селото Жабени, Битолско.

По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои ги управувале лицата и во просториите во апартманите во Виница каде што тие престојувале. При претресите пронајдени и одземени се четири ловни пушки и околу 800 парчиња ловечка муниција, како и друг доказен материјал од интерес на истрагата.

Против Г.П.(80) од Грција ќе биде поднесена кривична пријава по чл.123 од Кривичниот законик, а против останатите инволвирани лица во настанот до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ЛОВОЧУВАР НАЈДЕН СО ПРОСТРЕЛНА РАНА ВО ВИНИЦА Тројца странци и еден македонски државјанин задржани на распит

Поврзани содржини