РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО „ПУЛС“ БАРААТ ДА Ѝ СЕ ВРАТАТ ПРЕДМЕТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛКАТА ТРАЈЧЕВА Таа водеше три случаи против обвинети полицајци

Трите предмети за кои станува збор итно ќе бидат доделени на друг обвинител откако на седницата на Советот на јавни обивнители, одржана на 27 март, на Трајчева не ѝ беше продолжен мандатот во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

161

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани вчера изразија незадоволство од тоа што Советот на јавни обвинители не ѝ го продолжи мандатот на обвинителката Ивана Алексова Трајчева, во чија надлежност беа предметите против обвинетите полицајци за кочанската трагедија. Според родителите, преминувањето на предметот кај нов обвинител кој ќе мора од почеток да се запознава со случајот и со обемните докази, носи огромен ризик од дополнителни одложувања и нарушување на континуитетот на постапката.

– Трајчева работеше на случајот подолг период и е запознаена со сите негови аспекти. Во интерес на правдата, континуитетот и ефикасноста, сметаме дека нејзиното отстранување од предметот не е во корист на постапката. Советот на јавни обвинители се повикува на правична застапеност за одредени членови на кои им го продолжува мандатот, додека на обвинителката Трајчева ѝ се ускратува да продолжи со предметот, кој сама го водеше. Затоа, јасно и гласно бараме – обвинителката да биде вратена на случајот  – рече Александар Наунов, претседател на здружението на граѓани „16 Март 2025 г. Кочани“.






Трите предмети за кои станува збор итно ќе бидат доделени на друг обвинител откако на седницата на Советот на јавни обивнители, одржана на 27 март, на Трајчева не ѝ беше продолжен мандатот во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Алексова Трајчева не сакаше да ја коментира одлуката на Советот.

 

Поврзани содржини