📽️ БЕЛАТА КУЌА ОБЈАВИ МИСТЕРИОЗНИ ВИДЕА Дали најави голем напад врз Иран?

Две кратки видеа oбјавени без објаснување од Белата куќа предизвикаа лавина реакции и шпекулации. Дел од јавноста ги поврза со можно заострување на тензиите со Иран.

1,669

Две кратки видеа од официјалните профили на Белата куќа предизвикаа лавина реакции и милиони прегледи. Објавите се појавија без објаснување и веднаш беа избришани. Дел од јавноста ги поврза со можен развој на кризата со Иран.

Видеата се објавени во момент кога западните медиуми пишуваат дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува четири сценарија за конечен удар во војната. Ова ги разгори шпекулациите.






Првото видео било објавено околу 21:15 часот. Снимката изгледала како аматерски клип, со камера насочена кон нечии нозе. Во видеото се слуша женски глас.

„Наскоро ќе се лансира, нели?“

На екранот стои и натпис „sound on“. Клипот трае само неколку секунди. Околу 90 минути подоцна бил избришан.

Второто видео дополнително ја зголеми мистеријата. Прикажува црн екран со статички сигнал. Во позадина се слуша известување од телефон. Во еден момент се појавува американско знаме. Објавата е проследена со емотикони за звук и телефон.

 

Нема официјално објаснување за овие содржини.

„Дали треба да бидеме загрижени?“, праша еден корисник.

„Нуклеарна бомба?“, напиша друг.

„Дали е грешка или порака?“, се запраша трет.

Во меѓувреме, Трамп отфрли предлог од Бенјамин Нетанјаху. Израелскиот премиер повика на бунт во Иран.

– Зошто, по ѓаволите, би им кажувале на луѓето да излезат на улица кога само ќе бидат убиени? – рече Трамп.

Поврзани содржини