ЈА ПОКОСИЛА СО ТРОТИНЕТ И ПОБЕГНАЛА Жена заврши во болница со тешки повреди

Жена е тешко повредена на велосипедска патека во Скопје, откако била удрена од електричен тротинет.

445

59-годишна жена е тешко повредена откако била удрена од електричен тротинет на велосипедска патека во центарот на Скопје, по што возачот избегал од местото на несреќата.

Несреќата се случила во попладневните часови во близина на автобуска постојка на улицата „11 Октомври“. Според првичните информации, тротинетот го управувало женско лице, кое по ударот не застанало да помогне, туку веднаш го напуштило местото.






Повредената била пренесена во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата извршила увид и трага по лицето кое управувало со тротинетот, со цел да се расчисти случајот.

Поврзани содржини