РУСИЈА ЈА НАПАДНА ОДЕСА СО БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА Оштетена инфраструктура, дел од регионот е без струја

Фрагменти од беспилотни летала паднале преку Дунав на романска територија.

181

Во руски напад синоќа беше оштетена индустриска, енергетска и пристанишна инфраструктура во украинскиот регион Одеса на Црното Море, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во различни населби во јужниот дел од регионот, објави денеска локален функционер.

Регионалниот гувернер Олех Кипер преку Телеграм објави дека пожарите се брзо изгаснати и дека никој не е повреден. Тој рече дека струјата е вратена во критичните инфраструктурни објекти.






Градоначалникот на пристаништето Измаил, најголемото украинско пристаниште на Дунав, на границата со Романија, изјави дека градот синоќа бил под „масовен“ напад од руски беспилотни летала.

„Нападот оштетил инфраструктура и станбени згради“, објави градоначалникот на социјалните медиуми.

Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека по рускиот напад фрагменти од беспилотни летала паднале во близина на селото Плауру преку Дунав на романска територија.

Поврзани содржини