ШВАЈЦАРИЈА НЕ ДОЗВОЛУВА КРШЕЊЕ НА НЕЈЗИНАТА НЕУТРАЛНОСТ Забрани прелети на два воени авиони на САД

Швајцарските власти се повикаа на законите за неутралност на земјата, кои забрануваат прелети од страните вклучени во конфликтот за воени цели. 

159

Швајцарија им забрани на два американски воени авиони да прелетаат над нејзината територија поради конфликтот во Иран, соопшти сношти швајцарската Владата, пренесе ДПА.

Швајцарските власти се повикаа на законите за неутралност на земјата, кои забрануваат прелети од страните вклучени во конфликтот за воени цели.






Барањето на САД се однесуваше на два извидувачки авиони, појаснува германската агенција.

Меѓутоа, беа одобрени барањата за еден лет на авион за одржување и два транспортни авиона поврзани со конфликтот во Иран. Швајцарските власти изјавија дека се дозволени прелети за хуманитарни или медицински цели, како што е транспорт на ранетите, како и летови што не се поврзани со конфликтот, појасни ДПА.

Поврзани содржини