📽️ КОШОТ СЕ УРНА ВРЗ НЕГО Кошаркар на КК Сплит избегна трагедија

Американецот Демажо Вигинс за малку избегна сериозна повреда откако конструкцијата на кошот се урна врз него по атрактивно забивање на натпреварот меѓу Сплит и Кварнер.

207

Кошаркарот на КК Сплит, Демажо Вигинс, за малку избегна сериозна повреда на натпревар од хрватската лига против КК Кварнер, кога конструкцијата на кошот се урна по негово забивање.

Инцидентот се случи во текот на еден напад кога Вигинс изведе атрактивно забивање, но веднаш потоа дојде до колапс на конструкцијата. Целиот кош се урна и падна директно врз кошаркарот.






Сцената на паркетот изгледаше драматично и предизвика голема загриженост кај играчите и присутните во салата.

За среќа, според првичните информации, американскиот кошаркар не претрпел сериозни повреди. Со брза реакција на играчите и персоналот беше избегната поголема несреќа.

По краток прекин, натпреварот продолжи.

 

Поврзани содржини