ССМ Е СДС ВО СИНДИКАЛНИ МАИЧКИ Петрушевски тврди дека логистиката на СДСМ во Струмица е во служба на синдикатот
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ најави дека во наредните денови ќе продолжи да ги објавува сите лица од СДС кои го имаат преземено ССМ.
ССМ е координирано и управувано од СДС. Целата логистика за таканаречените протести на ССМ е обезбедена од СДС, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– До нас пристигнаа документи од свиркачи кои покажуваат кои се лицата одговорни за организирање на логистиката за протестите. Ова е тој документ. Одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Ова е Бранко Георгиев, поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС. Бранко Георгиев како главен теренаш на СДС сега е главен теренаш на ССМ. Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион – сега е ССМ. ССМ не постои, тоа е само СДС во синдикални маички – рече Петрушевски.
Тој најави дека во наредните денови ќе продолжи да ги објавува сите лица од СДС кои го имаат преземено ССМ.