📽️ НАВИВАЧИТЕ НА ГАЛАТАСАРАЈ ГО РАСПЛАКАА ОСИМЕН „Ние сме семејство, а семејството е сè“
Пред мечот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул, навивачите на Галатасарај подигнаа кореографија со ликот на Виктор Осимен и неговата покојна мајка. Нигерискиот напаѓач заплака за време на химната, а подоцна возврати со асистенција за голот на Марио Лемина.
Необичен и силно емотивен момент се случи пред почетокот на осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите во Истанбул. Навивачите на Галатасарај му приредија спектакуларна кореографија на својот напаѓач Виктор Осимен, посветена на неговото семејство.
На една од трибините беше подигнато огромно платно со ликот на Осимен и неговата покојна мајка. Пораката што ја испратија навивачите гласеше:
„Ние сме семејство и семејството е сè!“
Оваа гестикулација предизвика силна емоција кај нигерискиот напаѓач. Додека се интонираше химната на Лигата на шампионите, Осимен не успеа да ги задржи солзите.
❤️💛 Galatasaray fans with a tifo for Victor Osimhen… “We are a family and family is everything!”
He was overcome with emotion after spotting this banner from the Galatasaray fans. It was a heartfelt tribute to his late mother, whom he lost at a very young age.
After seeing… pic.twitter.com/g7j8UqHZZs
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) March 10, 2026
Фудбалерот ја изгубил мајка си уште како дете во Лагос и во младоста продавал вода на улица за да преживее. Затоа, поддршката од навивачите за него имала посебно значење.
Иако видно потресен пред почетокот на мечот, Осимен веднаш по стартот на натпреварот покажа врвен професионализам. По неговата асистенција во првото полувреме, Марио Лемина успеа да го постигне првиот гол за Галатасарај во дуелот против Ливерпул.
Нигерискиот напаѓач и претходно беше херој на тимот со одлучувачкиот гол против Јувентус во претходната рунда од натпреварувањето.
И покрај големиот интерес од европските гиганти, Осимен со настапите во Лигата на шампионите покажува дека во моментов е целосно посветен на успехот со Галатасарај.