ГОДИШНА ИНФЛАЦИЈА ОД 2,9% Е ИЗМЕРЕНА ВО ФЕВРУАРИ Во однос на јануари инфлацијата пораснала за 0,2%
Цените на мало на годишно ниво во февруари пораснале за 1,6 отсто, но во однос на јануари се намалиле за 0,3%.
Годишна инфлација од 2,9% во февруари измери Државниот завод за Статистика.
Според овие податоци цените на мало на годишно ниво пораснале за 1,6%.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари, пак, во однос на претходниот месец пораснала за 0,2%, а цените на мало се намалиле за 0,3%.
Во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Услуги за образование за 4 %, Облека и обувки за 1,1%, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,9 %, Рекреација, спорт и култура, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,3 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Храна и безалкохолни пијалаци за 0,2%.
Намалувањето на инфлацијата во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 0,8%, Здравствена заштита за 0,6%, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,5 %, Информации и комуникации за 0,2%, Ресторани и услуги за сместување за 0,1%.
Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.