СИРЕНИ ВО ТЕЛ АВИВ И ЕРУСАЛИМ Хезболах тврди дека погодил две воени бази

Милитантната група тврди дека нападите се одговор на израелската офанзива, додека Тел Авив најавува нови удари.

299

Либанското движење Хезболах денеска соопшти дека со дронови нападнало воени бази во централниот и северниот дел на Израел.

Според соопштението на групата, цел на нападите биле воена база во близина на Тел Авив и военопоморската база во Хаифа.






„Како одговор на израелската агресија… Хезболах ја нападна воената база ‘Тел Хашомер’ и военопоморската база во Хаифа“, соопшти движењето, откако во Ерусалим и Тел Авив се огласија сирените за тревога.

Претходно, државната Либанска новинска агенција објави дека израелски копнени сили навлегле во градот Хијам, како дел од засилената офанзива во јужен Либан.

Во меѓувреме, израелската армија нареди евакуација од јужниот дел на Либан, повикувајќи ги жителите да се повлечат северно од реката Литани. Наредбата е издадена на третиот ден од целосната воена операција против Хезболах.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелските напади загинале десетици лица, додека илјадници жители ги напуштиле своите домови.

Ескалацијата во Либан започна пред два дена, откако Хезболах отвори оган врз израелски позиции. Групата тврди дека тоа е одговор на атентатот врз иранскиот врховен лидер Али Хамнеи во американско-израелски напад врз Иран.

Портпарол на израелската војска изјави дека армијата во изминатите 48 часа погодила повеќе од 250 цели на Хезболах во Либан.

Поврзани содржини