ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВО, ДЕТЕ ПАДНА ОД ЗГРАДА И ПОЧИНА Во болница е донесено без знаци на живот

За настанот родителите, наводно биле известени од сосед, по што веднаш го однеле детето во болница.

1,671

Десегодишно дете трагично го загуби животот откако падна од балконот на стан во кој живеело, на Индустриска улица во Тетово, потврди полицијата.

Според информациите од СВР Тетово, денеска во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница во Тетово било донесено дете без знаци на живот. Станува збор за 10-годишно момче од Тетово.






Според првичните сознанија, детето, кое имало здравствени проблеми, паднало од терасата на станот. За настанот родителите биле известени од сосед, по што веднаш го однеле детето во болница. Лекарите можеле само да констатират смрт, со оглед на тоа што момчето не давало никакви знаци на живот.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на обдукција. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини