БЕЛ, КАФЕАВ ИЛИ БАСМАТИ? Кој ориз е најздрав избор и кој најбрзо се вари?

Постојат десетици илјади сорти ориз, кои најчесто се разликуваат по должината на зрното (кратко, средно и долго) и по бојата (бел, кафеав, црвен, црн). Но, кога треба да бираме меѓу бел, интегрален (кафеав) или басмати ориз – кој е подобар избор?

31

Оризот е една од најконсумираните намирници во светот – се одгледува во повеќе од 100 земји, а околу 90 проценти од вкупното производство доаѓа од Азија. Постојат десетици илјади сорти, кои најчесто се разликуваат по должината на зрното (кратко, средно и долго) и по бојата (бел, кафеав, црвен, црн).

Но, кога стоиме пред рафтот во маркет и бираме меѓу бел, интегрален (кафеав) или басамати ориз – кој е подобар избор?






Што ја прави разликата меѓу белиот и кафеавиот ориз?

Секој ориз во својата природна форма е кафеав, бидејќи е обвиткан со нејадлива лушпа. Кај интегралниот (кафеав) ориз се отстранува само надворешната лушпа, додека триците и клицата остануваат зачувани.

Кај белиот ориз, пак, се отстрануваат и триците и клицата, а зрното се полира. Со тоа се продолжува рокот на траење и се скратува времето на готвење, но се губи поголем дел од влакната, витамините и минералите. Останува главно ендоспермот – дел богат со скроб.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини