НЕТФЛИКС НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ ГЛЕДА НА ЗАСТАРЕН ТЕЛЕВИЗОР ИЛИ КОМПЈУТЕР Компанијата воведува строги стандарди за стриминг

Од компанијата посочуваат дека одлуката е поврзана со подобрување на безбедноста, перформансите и квалитетот на услугата.

142

Стриминг-компанијата Нетфликс повторно воведува промени што ќе влијаат врз милиони корисници. Според најавите, услугата наскоро повеќе нема да биде достапна на одредени постари уреди кои не ги исполнуваат техничките услови за најновите верзии на апликацијата.

Ова значи дека корисниците што користат постари модели на паметни телевизори, конзоли и други уреди за стриминг ќе треба да размислат за надградба доколку сакаат да продолжат да ја користат платформата.






Од компанијата посочуваат дека одлуката е поврзана со подобрување на безбедноста, перформансите и квалитетот на услугата. Со оглед на технолошкиот напредок, дел од старите уреди повеќе не можат да ги поддржат новите функции и стандарди за стриминг.

Промената е дел од пошироката стратегија на Нетфликс за модернизација на платформата и оптимизација на корисничкото искуство, но истовремено ќе значи дека милиони корисници ќе останат без пристап доколку не ги обноват своите уреди.

Поврзани содржини