🎥 ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВА КОМПЛЕКСНА СКРШЕНИЦА НА НОГАТА ИМА ЛИНДЗИ ВОН Скијачката излезе од болница, ја чека долга рехабилитација

Сега ќе се фокусирам на рехабилитација и напредување од инвалидска количка до патерици за неколку недели. Ќе ми треба околу една година за да заздрават сите коски, објави Вон на социјалните мрежи.

543

Конечно излегов од болница, објави американската скијачка Линдзи Вон, која се повреди по пад на ски-патека на Зимсите олимписки игри. Таа соопшти дека има комплексна скреница на ногата, а привчно лекарите ѝ кажале дека ќе мора да ја ампутираат.

„По речиси 2 недели лежење во болнички кревет речиси целосно неподвижна, конечно сум доволно добро за да се преселам во хотел. Сè уште не сум дома, но е огромен чекор! Се надевам дека доволно добро ја објаснив мојата повреда. Не сум доктор, па ако не објаснам нешто совршено, ве молам простете ми. Кога се случи повредата, ситуацијата беше доста предизвикувачка на многу начини, но на крајот, ситуацијата беше вратена под контрола“, објави Вон на Фејсбук.






Повторно, ви благодарам д-р Том Хакет, додаде таа.

„Сега ќе се фокусирам на рехабилитација и напредување од инвалидска коска до патерици за неколку недели. Ќе ми треба околу една година за да заздрават сите коски, а потоа ќе одлучам дали сакам да го извадам целиот метал или не. Потоа ќе се вратам на операција и конечно ќе го поправам мојот преден вкрстен лигамент. Ќе биде долг пат, но ќе стигнам таму. Барем излегов од болница“, објави славната скијачка.

Освен левото колено, спортистката при падот го искршила и десниот зглоб.

 

Поврзани содржини